Фото: EPA-EFE/ROBERT PERRY

Англискиот голман Џо Харт заминува во пензија

Англискиот ветеран Џо Харт објави дека ја игра последната сезона по која ќе се повлече од професионалниот фудбал.

Во моментов 36-годишниот голман го чува голот на Селтик со кого лани ја освои тројната круна во Шкотска. Заминувањето во пензија на Харт го потврди и тренерот на Селтик Брендан Роџерс.

„Харт имаше феноменална кариера и знам дека ќе ни недостасува кога ќе се повлече. Заслужува огромни пофалби за се што направи во фудбалот. Беше навистина голема предност на Селтик“, изјави Роџерс.

На клупско ниво Харт собра 690 настапи во дресот на Манчестер Сити, Тотенхем, Вест Хем, Барнли, Бирмингем, Торино, Тренмер и Шрусбери. За репрезентацијата на Англија од 2010 до 2016 година дресот го носеше на 75 натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!