Ангелче Николов кој пијан ја усмрти 11-годишната Магдалена во Велес, наместо 18 ќе лежи 8 години во затвор

Дваесет и осумгодишниот Ангелче Николов од Велес, кој пијан возејќи со 70 километри на час на пешачки премин ја прегази и усмрти 11-годишната Магдалена Иванова, доби намалена затворска казна од Апелациониот суд Скопје и наместо 18 години, ќе лежи 8 години во затвор. Информацијата за намалувањето на затворската казна за „Слободен печат“ ја потврди портпаролката на Основен суд Велес Габриела Гајдова. Пресудата уште не е објавена на сајтот на Апелациониот суд Скопје.

Нему му се судеше за тешки дела против безбедноста на луѓето и неукажување на помош на лице повредено во сообраќајна незгода, затоа што откако ја удрил Магдалена избегал од местото и 37 часа се криеше од органите на прогонот. Кога го возел своето возило Мерцедес, одземена му била и возачката дозвола. Кобниот настан се случи на 17 декември минатата година.

Во зоната во која возел со 70 километри на час, дозволена била брзина од 30 километри на час. Освен сега покојната Магдалена Иванова, во несреќата со тешки телесни повреди се здоби и нејзината мајка. Магдалена Иванова била исфрлена 10 метри нанапред од силината на ударот, паднала и се здобила со многубројни повреди во главата нагмечувања на лицето, скршеници на черепот, раскин на мозочното ткиво, по што дошло до работата на мозокот и таа починала. Иако со возилото Ангелчо Николов ги удрил мајката и детето, ги оставил без помош така што продолжил со несмалена брзина да се движи. Претходно попладнето во повеќе кафеани пиел алкохол.

Првостепениот суд му досуди 18 години затворска казна иако се извини на семејството и призна вина. Магдалена беше единствено дете на нејзините родители.

Два дена по сообраќајката, Ангелчо Николов се пријави сам откако се криеше и беше недостапен за органите на прогонот и оттогаш беше во притвор. Повеќе пати е казнуван за прекршоци во сообраќајот и му била одземена возачката дозвола.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот