Андриј Сибиха, украински министер за надворешни работи | Извор, Икс

Андриј Сибиха: Киев не е пречка за мировниот договор на Украина со Русија

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска изјави дека Киев не е пречка за мировниот договор со Русија и оти верува дека може да се постигне праведен и траен мир под водство на американскиот претседател Доналд Трамп.

Украина чека разјаснување за мировниот процес по разговорите меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин, кои се очекуваат подоцна во текот на денот, изјави Сибиха на конференција во Њу Делхи, пренесува Ројтерс.

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека денеска ќе разговара со рускиот претседател Владимир Путин за војната во Украина и рече дека многу елементи од конечниот мировен договор се веќе договорени, но дека треба да се направи уште многу.

„Илјадници млади војници и цивили ги губат своите животи. 2.500 војници умираат секоја недела од двете страни и овој конфликт мора веднаш да заврши“, напиша Трамп на веб-страницата „Truth Social“, додавајќи дека со нетрпение очекува да разговара со Путин.

Кремљ вчера потврди дека Трамп и Путин денеска ќе имаат телефонски разговор, пренесува Танјуг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!