Американские булдожери пристигнаа во Израел/Фото: Икс

Американските булдожери пристигнаа во Израел за уривање на куќите во Газа

Пратка од десетици булдожери беше доставена денес од САД до израелската армија по неколу месеци одложување, објави израелското Министерство за одбрана.

Булдожерите „Катерпилар Д9“ – со тежина од повеќе од 100.000 тони – и другата опрема беа истоварени од брод во пристаништето Хаифа. Потоа беа натоварени на камиони и транспортирани до логистички центар на израелските одбранбени сили за „инсталација на оклоп“, според „Тајмс оф Израел“.

Минатиот ноември, администрацијата на Бајден ја суспендираше продажбата на Д9 на Израел, поради нивната употреба од страна на израелските одбранбени сили за уривање куќи во Газа.

Сепак, Израелските одбранбени сили изјавија дека куќите биле користени од Хамас и ја обвинуваат терористичката група дека ги користи цивилите како човечки штитови.

Палестинците тврдат дека овие булдожери се користат за продолжување на извршувањето на „воени злосторства“, како што е уништувањето на палестинските домови.

Масовни рушења се случуваат секојдневно во бегалските кампови Џенин, Тулкарм и Нур Шамс, меѓу другите области на окупираниот Западен Брег.

Американскиот претседател Доналд Трамп, по преземањето на функцијата, повлече неколку мерки на претходната администрација насочени кон ограничување на продажбата на оружје на Израел.

Од почетокот на војната на 7 октомври 2023 година, според израелското Министерство за одбрана, 870 транспортни авиони и 144 бродови испорачале повеќе од 100.000 тони оружје и воена опрема во Израел, главно од САД.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот