Американски судија нареди итна исплата на буџетски пари за Радио Слободна Европа

Окружниот судија во САД, Ројс Ламберт, донесе одлука со која се наредува итна исплата на финансиските средства за месец мај кон Радио Слободна Европа (РСЕ), по поднесената тужба против Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ).

Судијата го отфрли аргументот на УСАГМ дека нема обврска да ги префрли средствата, со образложение дека други спонзори наводно ќе го поддржат финансирањето на РСЕ. Ламберт оцени дека ваквото тврдење не е доволно за да се суспендира исплатата кон медиумот, пренесува „Ројтерс“.

Одлуката следува по указот на претседателот Доналд Трамп од 14 март, со кој беа суспендирани дотациите за продемократските медиуми, меѓу кои и Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, под обвинение дека промовираат „либерално пристрасна агенда“.

Окружниот судија во САД, Ројс Ламберт, донесе одлука со која се наредува итна исплата на финансиските средства за месец мај кон Радио Слободна Европа (РСЕ), по поднесената тужба против Американската агенција за глобални медиуми (УСАГМ).

Судијата го отфрли аргументот на УСАГМ дека нема обврска да ги префрли средствата, со образложение дека други спонзори наводно ќе го поддржат финансирањето на РСЕ. Ламберт оцени дека ваквото тврдење не е доволно за да се суспендира исплатата кон медиумот.

Одлуката следува по указот на претседателот Доналд Трамп од 14 март, со кој беа суспендирани дотациите за продемократските медиуми, меѓу кои и Радио Слободна Европа и Гласот на Америка, под обвинение дека промовираат „либерално пристрасна агенда“.

Поради кратењето на финансирањето, РСЕ беше принудено да редуцира дел од своето работење, вклучувајќи испраќање на стотици вработени на принуден одмор и раскинување на договорите со надворешни соработници. Сепак, медиумот продолжи да емитува програма.

Радио Слободна Европа е независна меѓународна новинска организација, чии содржини секоја недела допираат до над 50 милиони луѓе во 23 земји, меѓу кои Русија, Украина, Иран, Авганистан и Пакистан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот