Знамињата на Молдавија и Русија
Фото: Ink Drop / Alamy / Alamy / Profimedia

Американски експерти тврдат дека Русија подготвува хибридна операција против Молдавија

Институтот за проучување на војната (ИСВ) објави нова анализа во која предупредуваат дека Русија можеби подготвува хибридна операција против Молдавија.

„Прорускиот отцепен регион Придњестровје би можел да организира референдум за приклучување кон Русија на 28 февруари. Изговор за таквиот повик ќе биде наводната потреба да се заштитат руските граѓани и „сонародниците“ во Придњестровје од заканите од Молдавија или НАТО“, пишува ИСВ.

Рускиот претседател Владимир Путин би можел, во најлошото сценарио, да ја објави руската анексија на Придњестровје за време на неговото планирано обраќање пред Федералното собрание на Русија на 29 февруари, иако тоа изгледа малку веројатно, пишува ИСВ. „Поверојатно е Путин да ја поздрави секоја акција преземена од Конгресот на пратениците на Придњестровје и да понуди опсервации за ситуацијата“, додаваат тие.

ИСВ пишува дека не видел јасни индикации за руската воена подготовка за интервенција во Придњестровје или во Молдавија воопшто, иако е можно тајните подготовки да се во тек.

„Руските сили во моментов во Придњестровје не можат да претставуваат значителна воена закана за Украина без засилување. Тие би можеле да претставуваат многу поголема закана за стабилноста на Молдавија. Затоа, најверојатниот начин на дејствување е дека Конгресот на Приднестровје и говорот на Путин ќе означува пресврт во подготовките на Русија за хибридна војна против Молдавија“, анализира ИСВ.

Молдавија е поранешна советска држава лоцирана меѓу Романија и Украина и има околу 2,6 милиони жители. Парламентот на Молдавија има прозападно мнозинство, а прозападната претседателка на Молдавија, Маја Санду, цели кон пристапување на Молдавија во ЕУ. Придњестровје е проруски отцепен регион во источна Молдавија со население од околу 470.000 луѓе кои незаконски прогласија независност од Молдавската Советска Социјалистичка Република во 1990 година.

Ниту една членка на Обединетите нации (ОН) не го признава нејзиниот суверенитет, а ОН го сметаат овој регион како дел од Молдавија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот