
Американски експерти сметаат дека руската офанзива во североисточна УКраина може да биде нова „тампон зона“
Руската офанзива во североисточна Украина може да биде насочена кон создавање нова „тампон зона“ за заштита на руските погранични населби бомбардирани од Киев, соопшти Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својата најнова анализа.
Препорачано
Руската офанзива во североисточните Луганска и Харковската област наиде на мал успех по висока цена, но силите на Москва сè уште се обидуваат да напредуваат по фронтот што се протега меѓу трите клучни градови Купјанск, Сватова и Кремин.
„Со успехот овде ќе се постигне виталната цел на Москва за целосна окупација на Луганската област, која од 2014 година е поделена меѓу контролата на Киев и онаа на локалните сепаратистички сили вооружени, финансирани и воено поддржани од Русија. Обновувањето на украинските линии, исто така, може да обезбеди одмор за Рускиот град Белгород“, пишува ИСВ.
Russian forces advanced southwest of Bakhmut and Donetsk City and in the east (left) bank of Kherson Oblast amid continued positional engagements along the entire front. ?(1/5) https://t.co/WiENdjUuct pic.twitter.com/XXjB37ZSRp
— Institute for the Study of War (@TheStudyofWar) January 11, 2024
„Руски извори ги оживуваат долгогодишните повици за голема руска офанзивна операција во Харковската област за да се создаде „тампон зона“ со Белгородската област. Сепак, руската војска веројатно нема да биде способна да спроведе операција за заземање значителна територија во Харковската област во блиска иднина“, се додава во анализата на ИСВ.
Белгород и околината постојано беа напаѓани од украински беспилотни летала, артилерија, па дури и руски бунтовнички воени единици поврзани со Киев. Регионалниот гувернер Вјачеслав Гладков во понеделникот изјави дека околу 300 луѓе се евакуирани од градот поради прекуграничната размена на оган.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, оваа недела рече дека руските „трупи ќе продолжат да прават се за прво да ја намалат оваа закана, а потоа целосно да ја елиминираат“, во врска со неодамнешните напади врз градот. Забелешките на Песков, објави ИСВ, помогнаа за заживување на долгогодишните амбиции меѓу провоените руски воени блогери „да се создаде „тампон зона“ длабоко до 15 километри во регионот Харков“.
„Руски упад на длабочина од 15 километри би бил масовен оперативен потфат кој би барал групација на сили многу поголеми и значително подобро опремени од она што го имаат руските сили во моментов“, пишува ИСВ.
Линијата Купјанск-Сватове-Кремина одамна е дел од фронтот каде се воделе најжестоките борби. Генерал-полковник Олександр Сирискиј, командант на копнените сили на Украина, во декември предупреди дека руските сили го идентификувале селото Синкивка во Харковската област како клучна цел, надевајќи се дека неговото заземање може да овозможи блокада на блискиот Купјанск.
ИСВ објави дека московските единици „може да ги интензивираат напорите“ кон Купјанск. „Руската војска веројатно моментално е способна само да спроведува операции на тактичко ниво во Харковската област од Белгородската област, што во најдобар случај би послужило како мамки за да ги привлече и прицврсти украинските сили подалеку од можните руски оперативни напори во правец на Купјанск“, заклучува ИСВ.