фото:Студио Shutterstock/ALDECA/преку N1

Американската полиција уапси осомничен за бомбашкиот напад врз клиника за плодност во Калифорнија

Американските власти во Њујорк уапсија осомничен за бомбашкиот напад врз клиника за плодност во Палм Спрингс, Калифорнија, минатиот месец, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на извори.

Тој ќе се појави на суд подоцна денес и се очекува да биде екстрадиран во Калифорнија потоа, иако точните обвиненија против него засега се непознати.

Властите претходно соопштија дека главниот осомничен за бомбашкиот напад, 25-годишниот Гај Барткус, е убиен во експлозијата, која се случила во близина на автомобил паркиран пред клиниката, управувана од Американскиот репродуктивен центар.

Експлозија пред клиника во Калифорнија која им помага на истополови парови, има мртви и ранети

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот