Фото: РК Алкалоид

Алкалоид „покажа заби“, но Силкеборг ги освои бодовите и во Данска

Tимот на Алкалоид претрпе пораз на гостувањето кај Бергингбо Силкеборг во четвртиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа со 35:31.

Ракометарите на македонскиот претставник беа рамноправен и на моменти подобар противник, но домаќините со неколку серии го обезбедија триумфот. Посебно решавчки момент беше стартот на вториот дел кога Силкеборг од минимална предност дојде до +6 со што започна да го трасира патот кон победата.

Поведе Алкалоид на почетокот од мечот, но тоа водство не го задржа долго, Силкеборг со серија од 4:0 поведе 7:3. Избраниците на Кире Лазаров не се предаваа и успеваа да дојдат до еден гол негатива, а со таа предност Силкеборг замина и на полувремето (17:16).

Почетокот на вториот дел целосно му припадна на данскиот тим кој со серија од 5:0 дојде до 22:16. Се обиде Алкалоид да се врати, но домаќините не дозволија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот