Фото: Цивил медиа

Алити: Коалиција меѓу СДСМ и ДУИ на есенските локални избори е логична и нивна потреба

По успешната соработка од 2017 година, коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ на есенските локални избори е логична и нивна потреба, смета политичкиот аналитичар, Фатон Алити.

Тој, додава дека посебно на СДСМ сега му треба повеќе ваква коалиција.

– Целта на било која политичка партија е моќ за да спроведе политики за кои тие се убедени дека се во најдобар интерес на државата и граѓанинот. ДУИ ја надмина кризата од 2015-2017 година, беше реформирана и се етаблира пак како прва политичка сила меѓу Албанците во Македонија. СДСМ по налетот и ентузијазмот од 2015-2017 година се соочува со стагнација, дури и со намалена поддршка, што е потврдено со резултатите од изборите во 2020 година. Во овие околности, и по успешната соработка од 2017 година, мислам дека нивната коалиција е логична и нивна потреба – изјави за „Слободен печат“, Алити. 

Посебно, додава тој, на СДСМ сега му треба повеќе ваква коалиција.

– Поради грубата национална реторика на ВМРО и Алијанса, коалицијата меѓу нив би била поштетна отколку корисна – нагласува Алити.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот