Фото: ФФМ

Алими: Саудиска Арабија беше добар тест, видовме до каде сме, Лихтенштајн треба да се победи

Македонската А репрезентација на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ги продолжува подготовките за натпреварот против Лихтенштајн в недела на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Нашиот репрезентативец, Исник Алими смета дека трите бодови во квалификацискиот натпревар против Лихтенштајн се најважни, сеедно дали е еден, три или 5:0 за нас. Фудбалерот од средниот ред вели дека се анализираат грешките од последниот контролен натпревар со Саудиска Арабија.

„Нормално, кога губиш не е добро. Саудиска Арабија е добар тим, а ние почнавме со неколкумина нови фудбалери во почетниот состав. Беше добар тест за нас, да видиме до каде сме и треба да анализираме што не беше добро за да не се повтори на следните натпревари. Сега секоја репрезентација е сериозна, но со Лихтанштајн ние треба да победиме, не е важно дали е 1:0, 3:0 или 5:0, најважно е бодовите да останат во Скопје. Тоа е целта за овој меч“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот