Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар на СДСМ, партијата избра и потпретседатели

Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.

За генерален секретар на СДСМ е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.

За потпретседатели на опозициската партија се избрани: ексминистерката за животна средина Каја Шукова, Менде Илиевски, Ана Чупеска и Кристина Костова.

Избрани се и двајца организациски секретари – поранешниот пратеник од Куманово, Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски од организацијата во Центар.

ВИДЕО | Анализа: Фани Каранфилова – Пановска е непозната за членството на СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот