Алек и Хиларија Болдвин уште еднаш докажаа дека трагедиите не им можат ништо!

Славниот актер Алек Болдвин во минатото беше разочаран од жените и тврдеше дека припаѓа на клубот на мажи кои тешко го профаќаат стареењето и сфаќаат дека на прагот на 50-те години немаат со што да се пофалат мислејќи на семејниот живот, а денес е среќен со своето многубројно семејство. Актерот од бракот со прекрасната фитнес инструкторка Хиларија има четири деца: ќерката Кармен и синовите Рафаел, Леонард и Ромео, кои ги однесе на излет во омилената детска дестинација, Дизниленд. Одењето на ова место е доказ дека трагедиите кои ги преживеаа во последно време не им можат ништо и дека семејството е најголемо богатство.

На семејниот излет тргна и неговата постара ќерка која ја доби од бракот со славната убавица Ким Бесинџер, 24-годишната Аерленд. Сите пет деца одлично се забавуваа во Дизниленд, а за да нема некои непредвидени ситуации, грижливите родители ангажираа две дадилки и ВИП водичи.

Иако Алек доби многу помош, тој уживаше цел ден да биде покрај своите деца. Веселата дружина имаше и два ВИП водичи кои ги упатија во тајните на Дизниленд каде помеѓу останатото ја запознаа и Пепелашка која ја воодушеви Кармен.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот