
Албанската православна црква доби нов поглавар – архиепископот Јоан
Јоан Пелуши е избран за нов поглавар на Автокефалната православна црква на Албанија, а тоа беше соопштено со биење на камбаните на црквата „Воскресение Христово“ во Тирана, по заседавањето на Синодот, јавија локалните медиуми.
Препорачано
Светиот синод го избра новиот архиепископ за Тирана, Драч и цела Албанија, кој ќе го наследи починатиот архиепископ Анастасиј. По објавувањето на името на новиот архиепископ, биеја камбаните во сите катедрали и цркви во Албанија. Архиепископ Јоан, пред да биде привремен вршител на оваа должност, беше митрополит на Корча. На 29 март ќе се одржи голема церемонија на устоличување, објавија медиумите.
Пелуши е роден на 2 јануари 1956 година во Тирана, се школувал и магистрирал на Теолошки универзитет во САД, бил професор на Теолошкиот факултет во Албанија и негов декан. Во 1997 година тој станал архимандрит, а една година подоцна и митрополит на Корчанската митрополија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
9мин
-
14мин
-
16мин
-
20мин
-
21мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5