Албанско знаме / Фото: Архива
Албанско знаме / Фото: Архива

Албанија бележи најсилен пад на населението во Европа, објави Евростат

Населението на Албанија е намалено за 18 проценти на крајот на 2024 година, споредено со бројот во 2011 година. Во предметните периоди, кога се спроведени пописите на населението, во земјата бројот на населението се намалил за над 500 илјади жители, објави албанска ЦНА.

Според Европската статистичка агенција, Евростат, овој процентен пад е највисок во Европа, а по Албанија следува Бугарија, која изгубила 12,3 отсто од своето население во текот на изминатата деценија, па Македонија со 11,4 проценти.

Во регионот, речиси сите земји се зафатени со бран на емиграција, а земја што успеала да го задржи своето население речиси непроменето е Црна Гора, која бележи зголемување од 0,6 отсто.

Во Албанија, големиот пад на населението е поврзан со два фактора, природната миграција, која доживеа нов бран по 2016 година, главно од младата популација, и падот на наталитетот.

Земјите од Западна Европа, успеаја да го зголемат своето население како резултат на агресивните имиграциски политики како решение за надминување на демографските проблеми што произлегуваат од стареењето на населението и намалувањето на стапката на наталитет. Во меѓувреме, еврозоната го зголемила своето население за 3,2 посто од 2011 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот