И Акропол затворен за туристите поради топлотниот бран/Фото: EPA-EFE/ORESTIS PANAGIOTOU

Акропол затворен од 12 до 17 часот поради високите температури

Во пладневните часови, односно во периодот од 12 до 17 часот, Акрополот во Атина ќе биде затворен за посетители, поради високите температури најавени за денеска.

Од Министерството за култура на Грција соопштија дека последните посетители ќе влезат на Акропол во 12 часот, кога и ќе затвори за повторно да ги отвори портите во 17 часот.

Останатите археолошки локалитетите во Атина ќе работат нормално.

Во Грција денеска се очекуваат температури над 40 степени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот