Бернар Арно / Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

Ако го префрлиме производството во САД, за тоа ќе биде виновен Брисел, вели најбогатиот Европеец

Францускиот милијардер и најбогат човек во Европа, Бернар Арно, предупреди дека неговиот гигант за луксузни стоки ЛВМХ може да го префрли производството во САД во случај на ескалација на трговската војна меѓу Америка и Европа.

„Брисел ќе биде виновен ако тоа се случи“, рече првиот човек на ЛВМХ за време на годишното собрание на акционери, пренесе „Ројтерс“.

Американскиот претседател Доналд Трамп минатата недела објави дека ги суспендира царините за сите на 90 дена, освен за Кина. ЕУ веднаш ги паузираше своите контратарифи, велејќи дека се надева дека ќе постигне договор со Вашингтон во следните три месеци.

Арно смета дека ЕУ е таа која мора да ја преземе одговорноста за изнаоѓање договор кој ги штити нејзините интереси без зголемување на царините.

САД се главниот пазар за ЛВМХ, така што компанијата би била исклучително изложена на трговска војна меѓу Брисел и Вашингтон. Арно истакна дека доколку двете страни не постигнат договор, повисоките тарифи ќе ги принудат ЛВМХ и другите европски компании да ги преселат операциите во САД.

„Ако Европа не може да преговара интелигентно, ќе има последици за многу компании“, убеден е тој.

Арно, кој присуствуваше на инаугурацијата на Трамп во јануари, го поддржа планот на Трамп за намалување на даноците и бирократијата со цел да ги натера производителите да го преселат производството во САД. Денеска тој ја критикуваше ЕУ како „бирократска сила која си го губи времето издавајќи регулативи кои за жал се наметнати на сите земји-членки и кои ги казнуваат економските сектори“.

Тој потврди дека сака ЕУ и САД да воспостават „зона за слободна трговија“, идеја што веќе ја изнесе американскиот милијардер Илон Маск.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот