Ајдахо е првата држава во САД која воведе смртна казна за педофили

Во американската држава Ајдахо неодамна беше усвоен закон со кој се проширува примената на смртната казна за педофилите, објавија денеска американските медиуми.

Оваа американска држава е првата во САД која усвои закон во модерната ера со кој се воведува стрелачки вод за егзекуција на осудените на смрт, пишува DesertNews.

Новиот закон сега им дозволува на судиите или поротата да ја разгледаат смртната казна кога на судење се докажуваат злосторствата поврзани со педофилија.

Доколку не постојат услови за изрекување на смртна казна, може да се изрече задолжителна минимална казна затвор од 25 години со можна максимална казна доживотен затвор доколку обвинетиот се прогласи за виновен за киднапирање на жртвата или за учество во трговија со луѓе, што ја заострува казнената политика за други кривични дела во кои е докажано непристојно однесување кон малолетно лице кое не наполнило 16 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот