Приштина протест УЧК Фото: Фејсбук Ахмети

Ахмети наместо на завршен митинг во Скопје, на протест за УЧК во Тирана

За ДУИ и нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ иницирана од Ослободителната војска на Косово е фер, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет.

Лидерот на ДУИ и предводник на коалицијата Национална алијанса за интеграција, Али Ахмети наместо на завршниот митинг за локалните избори на 19 октомври, ќе присуствува на националниот протест за УЧК во Тирана „Правда за ослободителите“ закажан за 17 октомври.

Од партијата соопштија дека Ахмети, на 17 октомври, последниот ден од изборната кампања, одлучил да ги откаже сите планирани партиски активности и да учествува на националниот протест во Тирана, на покана на организациите кои произлегле од УЧК.

-За ДУИ и нејзиниот претседател, војната на албанскиот народ иницирана од Ослободителната војска на Косово е фер, неопходна и поддржана од целиот демократски, западен и слободољубив свет. Повоените безброј тужби, домашни и меѓународни, јасно ја покажаа дрскоста на таа борба за слобода, демократија и независност. Правдата за албанскиот народ не може да се гради врз политички процеси наметнати од Русија, ниту на „докази“ измислени од Србија. Претседателот Али Ахмети е составен дел од борбата за слобода на албанската нација и поради таа причина силно го поддржува протестот поканет од организациите кошто произлегоа од војната на УЧК, откажувајќи ги сите активности- соопшти партијата.

Ахмети протест Приштина Фото :Фејсбук Ахмети

Ахмети претходно присуствуваше и на протестот организиран во Приштина, како соосновач на Ослободителната војска на Косово.

На Лидерот на ДУИ, вчера пак, Европскиот универзитет во Тирана му ја врачи титулата „Доктор Хонорис Кауса“, за како што се вели во соопштението, историскиот придонес на Али Ахмети во заштитата на албанските права, унапредувањето на мировните процеси и евроатланската ориентација.

Али Ахмети Фото: Фејсбук Ахмети

-Титулата „Доктор Хонорис Кауса“ е доказ дека жртвите, визијата и долгогодишните напори за правата на Албанците и за европската иднина на земјата се прифатени и ценети на меѓународно академско ниво – соопшти партијата.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот