Меѓународен аеродром Скопје (фото: ТАВ Македонија)

Агенција за воздухопловство: Не е загрозена безбедноста на летањето

Контролорите на летови сега немаат приказ на екран и „рачно“ се слетуваат авионите на скопскиот аеродром.

Агенцијата за цивилно воздухопловство ја следи состојбата и е во постојана координација со М-НАВ и досега нема констатирано загрозување на безбедноста на летањето предизвикано од дефектот на радарот, изјавија за „Слободен печат“ од Агенцијата.

Контролорите на летови сега немаат приказ на екран и „рачно“ се слетуваат авионите на скопскиот аеродром. Според последната изјава од Македонската навигација, дадена во понеделникот, „остварен е контакт со производителот и дозволен е онлајн пристап до уредот за да се направи дијагностика од производителот и да дадат предлози и поддршка за решавање на проблемот“.

Агенцијата за цивилно воздухопловство има регулаторни функции поврзани со безбедноста во сите области во воздухопловството и затоа „Слободен печат“ ги праша: Дали М-НАВ ја прекршила регулативата во однос на навремено обезбедување на радар за контрола на слетувањата на авионите? Директен одговор не добивме.

– Агенцијата за цивилно воздухопловство и М-НАВ согласно своите надлежности преку претходно спроведени анализи на ризици и безбедносни проценки навремено развиваат процедури и протоколи што јасно ги прецизираат постапките на делување на сите учесници во воздушниот сообраќај кога ќе се појави ваков случај. Во овој случај М-НАВ постапува по процедури што се претходно развиени и утврдени и чија единствена намена се токму вакви ситуации. Агенцијата за цивилно воздухопловство ја следи состојбата и е во постојана координација со М-НАВ и досега нема констатирано загрозување на безбедноста на летањето предизвикано од овој дефект – изјавија од Агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот