Агелер и Лимани Фото: Фотоџет

Агелер не открива зошто Лимани не добил виза за САД: За тоа ќе го прашате него

Американската амбасадорка Анџела Агелер одговарајќи на новинарски прашања, не сакаше да коментира поради кои причини министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, бил одбиен за американска виза. Таа ги упати новинарите да бараат одговор од министерот.

Таа посочи дека САД имаат строги закони за приватност и дека не може да коментира прашања поврзани за добивање на американска виза за ниту еден апликант.

– Имаме многу строги закони за приватност во Соединетите Американски Држави и затоа не можам да коментирам какви било прашања за виза за ниту еден поединец. Би ве упатила кај министерот да ви каже за тоа што се случило, но, исто така, ќе кажам дека секој апликант за американска виза, процесот за добивање на американска виза му се објаснува на поединецот, а доколку има нешто дополнително, тоа е исто така објаснето, рече Агелер.

СДСМ  побара одговор од Владата зошто на Лимани му бил забранет влез во САД, нарекувајќи го тоа скандал кој става прашалник околу тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека има стабилни односи со САД и нивна поддршка.

 

-Скандал до скандал во Владата на Мицкоски. Иако тврди дека гради стабилни односи со САД, премиерот крие од јавноста дека неговиот министер, Фатмир Лимани, добил забрана за влез во САД. Поради ова, тој бил принуден да ја откаже планираната посета, а Владата молчи за причините за оваа драматична одлука, се вели во соопштението на опозициската СДСМ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот