
Аеродром не смее да се претвори во уште една скопска депонија, порача кандидатот за градоначалник на СДСМ, Александар Трајановски
Кандидатот за градоначалник од СДСМ, Александар Трајановски синоќа порача дека Аеродром може да биде многу подобра општина. Тој најави мерки за воведување ред во сообраќајот, нови велосипедски патеки, паркиралишта и катни гаражи. Рече дека во фокусот ќе бидат младите и културата.
Препорачано
„Од тука јасно и гласно испраќаме порака дека Аеродром бара промени. Ставаме крај на недомаќинското работење, на отровниот воздух. Аеродром не смее да се претвори во уште една скопска депонија, повторно ќе биде наша скопска гордост. Заслужуваме чиста, зелена општина во која достоинствено ќе живееме. Следува целосна обнова на системот за наводнување, редовно собирање на отпадот и миење на улиците, дигитализација на училиштата и редовни здравствени прегледи“, рече Трајановски.
Тој најави и, како што рече, сосема нов проект – воведување локална парамедициска служба која ќе биде сервис за граѓаните на Аеродром.
Неговата програма предвидува и креирање фонд за млади, како и изградба на културен центар со кино сала, театарска сцена и простор за изложби.
„Срамота е Аеродром во 21. век да нема ниту еден објект на културата. Аеродром нема ниту општинска зграда, ветија парк и го градат цели четири години“, рече Трајановски.
На митингот се обрати лидерот на СДСМ, Венко Филипче, кој порача дека ВМРО-ДПМНЕ не заслужува да ја води општината Аеродром.
„Затоа сме тука да кажеме „доста е“, доста е на загадувањето, на запалените депонии, на ѓубрето по улиците. Време е за промени, порача Филипче на вечерашниот централен митинг во општина Аеродром.