
Адолесцентите во Европа повеќе претеруваат со пиењето алкохол отколку возрасните
Стапката на тешки алкохоличари кај адолесцентите – оние на возраст од 15-16 години – е значително повисока за разлика од возрасните во повеќето европски земји. Бидејќи раното пиење е поврзано со пиењето подоцна во животот, ова претставува сериозен јавно здравствен проблем на континентот, пишува Еуроњуз.
Препорачано
Во 2019 година, во просек, повеќе од една третина (37,4 отсто) од адолесцентите во ЕУ пријавиле дека барем еднаш претерале со пиење во последните 30 дена, додека оваа стапка била помала (18,7 отсто) кај возрасните. Затоа, бројот на адолесценти кои претерувале со пиење бил двојно поголем од кај возрасните.
Претерувањето со пиење алкохол меѓу адолесцентите, кое се дефинира како пиење пет или повеќе пијалоци во една прилика, се движело од 8 отсто во Исланд до 59 отсто во Данска во 2019 година.
Четири нордиски земји – Исланд, Норвешка, Шведска и Финска – забележаа најниска стапка на тешко пиење меѓу 15-16-годишниците. Сепак, друга нордиска земја, Данска имаше највисока стапка на тешки алкохоличари.
Ова може да биде поврзано со законите и прописите. Во Данска, адолесцентите имаат пристап до алкохол порано од оние во другите нордиски земји, а политиките за контрола на алкохолот исто така се помалку строги, се вели во извештајот на ОЕЦД „Здравствена состојба во циклусот на ЕУ, 2022 година“.
Законската возраст за купување пиво и вино во Данска е пониска, на 16 години во споредба со 18 години, иако сега има планови за ограничување на продажбата на пијалоци што содржат повеќе од 6 отсто алкохол од 16 до 18-годишници.
Стапката на прекумерно пиење беше под 25 проценти само во пет земји, четирите нордиски и Португалија.
Покрај Данска, уште четири земји се со над 45 отсто на листата. Тие се Германија, Австрија, Словачка и Хрватска.
Адолесцентите во Франција и Шпанија (и двете 34 проценти) и Италија (35 проценти) имале пониски стапки на прекумерно пиење од просекот во ЕУ.