Фото: FIBA

Aдетокумбо доминираше против Италија, Дончиќ не можеше сам да спречи пораз на Словенија

Кошаркарската репрезентација на Грција го стартуваше Евробаскетот ссо победа над Италија (75-66), предводена од одличниот  Јанис Адетокумбо, кој блескаше со 31 поен, седум скокови и две асистенции. Иако Италијанците се обидоа да му се спротивстават, немаа решение за ѕвездата на Милвоки, а Грција тоа успеа да го искористи.

Имаше Грција водство и на полувремето со 36-32, а во вториот дел успеаа да го задржат истото темпо, додека Италија сè повеќе паѓаше во играта. Со контрола на резултатот и цврста одбрана, Грците обезбедија сигурен триумф и најавија високи амбиции на првенството.

Од друга страна, Словенија потфрли уште на стартот. Иако важеше за фаворит против Полска, избраниците на Александар Секулиќ не успеaa да се изборат со расположените Полјаци, кои славеа со 105-95. Ни фантастичниот Лука Дончиќ, кој натпреварот го заврши со 34 поени, седум асистенции и четири скокови, не можеше сам да ја извлече репрезентацијата.

Словенечката одбрана изгледаше хаотично и тоа Полјаците го казнија. Најефикасен кај победничкиот тим беше Џордан Лојд со 29 поени, носејќи ја Полска до голем триумф уште на самиот старт од Евробаскетот.

Шпанија немоќна, Грузија тргна со победа на Евробаскетот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот