
Адамчевски: Трамп го чекаат многу предизвици
Новинарот Мирче Адамчевски во гостување на ТВ24, рече дека се досега што сме слушнале од Трамп е минато и треба да се фокусираме на она што ќе го направи во моментот кога ќе седне на столче. Според него Трамп го чекаат многу предизвици и нема да му биде лесно да ја води ниту внатрешната ниту надворешната полтика на САД.
Препорачано
„Цел свет сега очекува како ќе настапи и како ќе почне да работи новиот претседател Трамп иако периодов има застишје и сите очекуваат да почне со работа. Рано е да се зборува како ќе работи, бидејќи едно е кога се претставуваш во кампања а друго е кога ќе седнеш на столчетои и кога ќе се соочиш со работа. Некои состојби може да му предизвикаат и главоболки. Внатрешната состојба во Америка, протестите, воените жаришта и сл. Најавуваше дека е мировник но кога ќе се соочи нема да ги дава истите изјави“, рече Адамчевски и додаде дека очекува Трамп да воведе реформи во традиционалното водење на државата.
Тој објасни дека и во првиот мандат но и во овој Трамп повеќе ќе биде насочен кон економијата и развивање на економскиот развој на државата бидјеќи и политиката на некој начин е економија.
„За Трамп е карактеристично дека сака да ја внесе економијата во неговото владеење. Во говорот пред нацијата ќе ги каже и плановите за неговите 4 години. Тој и во првиот мандат настапуваше како бизнисмен и овој пат сметам дека ќе оди од бизнис интересите на Америка. И одлуката на Трамп да ја укине судската одлука за забраната на Тик Ток е поради тоа што има бизнис чувство“, појасни Адамчевски.
Тој додаде и дека одлуката на Трамп да инвестира во криптовалути се должи на неговата бизнис идеја.