АД ЕСМ / МИА

АД ЕСМ работи со полн капацитет, Блок 1 е вратен на мрежа

Блок 1 во РЕК Битола и ТЕЦ Осломеј во текот на вчерашниот ден се вратени на мрежа и непречено произведуваат електрична енергија, информираат од АД ЕСМ.

Со тоа, од АД ЕСМ велат дека повторно работат со полн капацитет и во моментов на мрежа се сите три блока во РЕК Битола, РЕК Осломеј, ТЕЦ Неготино со два котли, гасната електрана КОГЕЛ во Енергетика, ветерниот парк Богданци, како и хидроелектраните, пред сè за давање системски и балансни услуги.

Согласно планот за производство на АД ЕСМ и Подружница РЕК Битола, во текот на следната недела од функција ќе биде исклучен Блок 2 на РЕК Битола. Ќе се реализираат активности за нега и санација на постројката кои планирано е да траат десетина дена, се вели во соопштението.

Блок 1 пред два дена беше исклучен од мрежа заради интервенции во цевкодниот систем на постројката, сервисни и ремонтни активности на млинските кола и нега на постројките во машинската сала на блокот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот