Махмуд Абас / Фото EPA-EFE/JADE GAO / POOL

Абас: Палестина е подготвена да преговара со Израел за конечниот статус

Палестина е подготвена за преговори со Израел за конечниот статус во рамките на мировната конференција, изјави денеска палестинскиот претседател Махмуд Абас.

„Државата Палестина формулираше политичка визија и подготви „траекторија“, која беше одобрена од групата од шест арапски држави и претставена на разгледување во САД, Европската Унија и членките на Советот за безбедност при ОН за сеопфатно политичко решение кое предвидува крај на израелското присуство во Појасот Газа“, изјави Абас.

Тој нагласи дека предложеното решение подразбира почеток на преговори за конечниот статус со израелската страна во рамките на меѓународната мировна конференција во согласност со одредена временска рамка и развој на регионален безбедносен механизам.

Абас додаде дека во рамките на ова решение, палестинската национална администрација (ПНА) е подготвена да ги извршува своите функции на територијата на Појасот Газа и бара прекин на сите еднострани непријателски дејства на Израел на Западниот брег на реката Јордан и во Ерусалим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот