Полиција / фото: илустрација

30-годишна жена прегазена од автомобил во Кичевско

30-годишна жена од кичевското село Лисичани е тешко повредена откако во неа удрил 23-годишен возач од селото Челопеци, соопшти МВР.

„На 03.08.2025 во 21:20 часот на регионалниот пат Кичево- Македонски Брод, кај влез за с.Лисичани, општина Пласница, патничко возило „мерцедес“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(23) од с.Челопеци, кичевско, удрило во 30-годишната А.В. од с.Лисичани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.В., констатирани во Медицински центар Кичево. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево“, пишува во полицискиот билтен.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот