Фото: Фејсбук/МИА

25-годишен пациент почина од сепса, вонреден инспекциски надзор во болницата во Штип

Државниот санитарен и здравствен инспекторат во моментов спроведува вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница Штип за 25-годишниот пациент кој починал од сепса, информираат од Министерството за здравство.

Како што соопштија од Министерството за здравство, директорот на штипската болница Ален Георгијев побарал да се изготви комплетен извештај за начинот на третман на пациентот.

Роднини на починатиот пациент Ј.Д. (25) од Берово на социјалните мрежи информираа дека тој починал откако добил сепса по дренирање заб во штипската болница.

„Само во нашата држава, само со нашето здравство, само со нашите ‘професионални’ доктори во штипската болница може да се случи ова. Со 20-годишен стаж да направиш интервенција на заб и да ставиш еден обичен дрен наопаку, па да предизвикаш сепса и пациентот да го пратиш дома. Тоа предизвика животот на Ванчо да згасне на само 25 години… СРАМ ЗА ЦЕЛА ДРЖАВА! Каде живееме ние, какво здравство имаме, дали веќе еден ден некој ќе одговара за секојдневниот хорор во таа штипска болница? Колку животи згаснаа само поради невнимание? До кога нашиот народ ќе се лекува само со „како е рекол Бог“? Дали во 21 век треба да се случи таков срам? Ангелу наш, ти почивај во мир. А тие нема да спијат мирно…“, стои во објавата на блиска на починатиот пациент.

Фото: Скриншот, Фејсбук

Смртта на пациентот ја потврдија и од штипската болница. По завршениот вонреден инспекциски надзор, Министерството за здравство информира дека јавноста ќе биде поконкретно информирана.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот


error: Не е дозволено копирање на содржината !!