фото: https://pretsedatel.mk/stoltenberg_21112023/

Пендаровски и генералниот секретар на НАТО дискутирале за безбедносни прашања што го опфаќаат регионот и пошироко

Претседателот Стево Пендаровски оствари средба со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, кој престојува во посета на Република Северна Македонија, во рамки на неговата посета на земјите од Западен Балкан.

На средбата се разговараше за севкупната соработка со НАТО, во рамки на нашето полноправно членство во Алијансата и можностите за нејзино унапредување, за надворешно-политичките приоритети на земјата, како и за актуелните регионални безбедносни прашања и состојбите во поширокиот регион во контекст на руската агресија врз Украина и случувањата на Блискиот Исток.

 

 

 

 

Претседателот Пендаровски го поздрави одржувањето на состанокот на лидерите на НАТО-сојузниците од регионот утре во Скопје и истакна дека посетата на генералниот секретар Столтенберг на земјите од Западен Балкан уште еднаш ја демонстрира посветеноста на НАТО кон стабилноста и безбедноста на регионот, во време на крупни безбедносни предизвици во нашето пошироко опкружување.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот