• бектеши

Продолжен притворот за Бектеши

Продолжен е притворот на ексминистерот за економија Крешник Бектеши, потврди неговиот адвокат Еленко Миланов. Одреден му е нов 30-дневен притвор за истите околности. Миланов најави жалба на одлуката. Бектеши е во притвор од почетокот на истрагата за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“, по која досега загинаа 61 лице.