Македонски чиновници се во рудник за злато во Бугарија, „разменуваат искуства“ за идни такви рудници во земјава
Македонска стручна делегација предводена од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини престојува во работна посета на рудникот за злато „Ада Тепе“ во општина Крумовград, Бугарија, сопственост на канадската компанија „Dundee Precious Metals“, соопшти министерството. Оваа посета доаѓа откако граѓански активисти во Македонија со години протестираат против изградба на рудник за злато во Струмичко, наведувајќи …