Два ротвајлера го искасале газдата

Две кучиња од расата Ротвајлер го нападнале својот 75-годишен сопственик во дворот на семејна куќа во селото Бошњане кај Варварин (Србија). Мажот бил пренесен во болницата во Крушевац, каде биле констатирани тешки повреди. Тој имал повреди на главата и телото.