Американец фатен на Скопскиот аеродром со 204 колекционерски предмети, вредни 700.000 денари
Американец бил фатен со колекционерски банкноти и монети на Скопскиот аеродром. Запленети се 204 банкноти и монети за колекционерски цели, чијашто вредност е проценета на 700.000 денари (11.000 евра), соопшти Царинската управа. „Случајот е откриен на Меѓународен Аеродром Скопје, при контрола на патник, државјанин на САД“, велат од Управата. Патникот, иако со себе носел поголема …