Комбе се преврте на автопатот Скопје-Тетово, километарски колони кај Желино
Превртено комбе на автопатот Скопје-Тетово кај Желино предизвика километарски колони по наплатната станица на автопатот, а дел од сообраќајот се пренасочува на стариот пат кон Тетово. Тешката сообраќајна несреќа се случува во петок попладне, кога во летните месеци има најмногу сообраќај на оваа автопатска делница. Полицијата врши увид на местото на несреќата.