Битолчанец со „рено“ прегазил десетгодишен пешак
Од полицијата во Битола информираат дека вчера во 19:19 часот во СВР Битола e пријавенo дека на улица „Тодор Паница“ во возило „рено“, управувано од 50-годишниот Н.Б. од Битола удрило во десетгодишен пешак од Австралија. Оттаму додаваат дека во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, кои му биле констатирани во Клиничката болница Битола.