• полог

Слаб земјотрес во Полошката котлина попладнево

Во 16:14 часот, земјотрес со јачина од 2.7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во северозападниот дел на Македонија, поточно во Полошката котлина. Епицентарот на потресот е на десет километри јужно од Тетово, на длабочина од 5 километри. Земјотресот бил благо почувствуван од жителите на околината на Тетово.