ЕУ му одговори на Мицкоски за платите на судиите: Владата мора да овозможи соодветно финансирање
Буџетот за правосудството мора да биде доволно голем за системот да функционира ефикасно и независно, велат за „Слободен печат“ од Делегацијата на ЕУ во Скопје. Оттаму истакнуваат дека утврдувањето на буџетските средства и платите е одлука на властите, но тие се должни да го почитуваат националното законодавство и да обезбедат соодветно работење на правосудниот сектор. …