Во Националниот конзерваторски центар се конзервираат и реставрираат ликовните дела на Лазар Личеноски
Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска и шефот на Делегацијата на Европската Унија во нашата држава, Дејвид Гир, на 17 јануари го посетија Националниот конзерваторски центар, каде што се одвива процесот на конзервација и реставрација на ликовните дела од еден од основоположниците на македонската современа уметност, Лазар Личеноски. Делата се дел од легатот на семејството Личеноски …