ИНТЕРВЈУ Моника Стојковска: Шахот нè учи како да размислуваме, секоја титула е награда за вложениот труд
Членот на Шаховскиот клуб Алкалоид, женскиот ФИДЕ Мајстор Моника Стојковска е шампион на Македонија за 2023 година. На женскиот државен шампионат настапија 10 шахистки и се играше по Бергеров систем (секој со секого). Првото место го поделија репрезентативките ЖФМ Моника Стојковска и Ивана Манова освојувајќи по 7 поени. Титулата ѝ припадна на Стојковска поради победата …