Разговор со поетесата Милена Сиљаноска за стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“: Поезијата е природна за поетот исто како и дишењето
Стихозбирката „Куќичка на дрво не е дом“ од Милена Сиљаноска во издание на издавачкиот центар „Три“ беше промовирана на 17 јуни низ разговор на авторката со нејзиниот поетски пријател Андреј Медиќ Лазаревски. Младата и емотивна авторка Милена Сиљаноска е писателка, поетеса и уредничка во Издавачки центар „Три“, во чиешто издание е објавена стихозбирката „Куќичка на …