Новиот грузиски претседател, ексфудбалерот Кавелашвили, за Водици помилува 613 затвореници
Новиот претседател на Грузија, Михeил Кавелашвили, денеска помилувал 613 затвореници, во еден од неговите први извршни потези на функцијата, на која стапи на 29 декември, јавија грузиските медиуми. Кавелашвили е поранешен фудбалер-интернационалец, кој играше за Манчестер Сити и за повеќе клубови во Швајцарија. Тој беше кандидатот на владејачката проруска партија „Грузиски сон“ на претседателските избори. …