Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје продолжува со кампањата „Читаме современи македонски автори“
По успешните две сезони, ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје го започнува третиот циклус од големата кампања „Читаме современи македонски автори“. До мај следната година ќе бидат претставени осум македонски автори и исто толку дела. Кампањата ја задржува препознатливата структура: секој месец започнува со Книга на месецот, првата седмица е Разговорот со авторот, а …