Маја Богоевска добитничка на наградата за новинарство „Тоде Петрески“: Како новинар ќе се борам против манипулацијата со вистината
Во амфитеатарот на Меѓународниот славјански универзитет во Битола, по 19 пат беше врачена наградата за новинарство на Битолски весник „Тоде Петрески“. Годинава наградата што го носи името на починатиот новинар на Радио Скопје, Тоде Петрески ја доби новинарката Маја Богоевска. Таа дваесет години е активна во новинарската професија и пред присутните порача дека крајно време …