Пропалестинскиот активист Махмуд Калил, водач на протестите на Универзитетот Колумбија се соочува со депортација
Американски судија нареди депортација на палестинскиот активист Махмуд Калил – водечка фигура во пропалестинското движење на Универзитетот Колумбија во Њујорк – со одлука објавена во среда, пренесува Си-ен-ен. Калил треба да биде „депортиран од САД во Алжир или алтернативно во Сирија“, поради неправилност во барањето за дозвола за престој што го поднел, одлучи Џејми Комонс. …