Парис триумфираше на супервелеслаломот во Квитфјел, Одермат го освои малиот кристален глобус
Италијанскиот скијач Доминик Парис денеска победи на трката од Светскиот куп на супервелеслаломот во Квитфјел, Норвешка, а Швајцарецот Марко Одермат и официјално го освои малиот кристален глобус во таа дисциплина. Парис победи за 1:09.98 за да ја оствари својата втора победа во последните три дена на истата патека, откако беше најбрз во спустот во петокот. …