Кочани: Министерството за здравство „ја спушти завесата“ и воведе цензура за медиумите – им забрани да ја снимаат рехабилитацијата на повредените во „Пулс“ во болница финансирана од парите на сите граѓани!
Со крајно контроверзно соопштение, повикувајќи се на „приватноста на пациентите“ повредени во најголемата трагедија во поновата македонска историја, пожарот во дискотеката „Пулс“ – Министерството за здравство попладнево им забрани на новинарските екипи пристап во болницата во Кочани каде се одвива рехабилитацијата на повредените од пожарот. Во соопштение на Фејсбук страницата на Министерството за здравство се …