Драматичен финиш: ШК Алкалоид повторно Шампион, ШК Мулти Есенс непоразен до второто место!
Во трилер-завршница, која ги изненади и најголемите оптимисти, ШК Алкалоид во последното седмо коло од Екипното првенство на Македонија со нерешен резултат 3 : 3 успеа да стигне до својата 27. титула, тринаесетта во низа, сметано од 1992 година до денес. Ждрепката сакаше најтрофејниот шаховски колектив на Македонија токму на крајот да игра со младите …