Шумари заплениле комбе од дрвокрадци, судот им го вратил, па шумарите пак го фатиле при кражба
Комбе кое претходно било одземено при превоз на нежигосани и бесправно исечени дрва, а кое пред околу еден месец судот му го вратил на сопственикот, повторно е одземено во нова акција на „Национални шуми“ во Прилеп, објави заменик-директорот на јавното претпријатие „Национални шуми“, Кире Михаилов. Товарното возило било пронајдено во шумскиот склад на подружницата „Црн …