Гаши и пратеници се сретнаа со шведскиот крал, му подарија кошница со македонски производи
На првиот ден од официјалната посета на Кралството Шведска, претседателот на Собранието, Африм Гаши, придружуван од пратениците Дафина Стојаноска, Беким Сали и Митко Трајчулески, имаа аудиенција кај кралот на Шведска, Карл Шеснаесетти Густаф (во собраниското соопштение погрешно именуван како „Густав“). „Во делот на заедничката средба, претседателот и пратениците изразија благодарност за приемот и овозможената средба …